Возраста на жената како фактор за успешно вештачко оплодување

Како жената старее и ја одминува триесеттата година од животот, така и квалитетот на нејзините јајце клетки постепено опаѓа.
Прогресивното назадување во квалитетот на јајце клетките се гледа во малата веројатност тие да бидат здрави и со нормална структура и дека од нив ќе се развие плод кој има нормален број на хромозоми и нормална генетска структура.

Ембрионите на жените постари од 35 години се развиваат со можност на една од четири оплодени јајце клетки.

Според светските статистички податоци, околу 50% од ембрионите добиени од жени постари од четриесет години се анеуплоидни, што значи дека имаат број на хромозоми кои отстапува од нормалниот.

Овој ризик значително се зголемува кај жените над 48 година, каде просекот изнесува 70%.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk