Во бебешките оброци со морков секогаш додадете маслиново масло

Оброците со морков се погодни уште при самите почетоци од воведувањето на цврста храна во менито на бебето.
Во морковот сварен на пареа од почеток можете да додадете неколку лажици мајчино или адаптирано млеко и добро да испасирате.

Откако бебето ќе наполни шест месеци пожелно е морковот да го зачините со неколку капки маслиново масло. Маслиновото масло значително ќе го подобри процесот на искористување на витаминот Д.

Секако, при тоа не заборавајте дека солта не е пожелен додаток.

Иако имаат способност да распознаваат вкусови, сепак бебињата сеуште немаат формирано онаков осет за вкус како возрасните па така за нив храната во почетоците нема таков блуткав вкус како што ние го имаме кога ќе ја пробаме храната без сол.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk