Во белото брашно има најмалку растителни влакна и протеини

Видот на лебот што ќе одлучите да го конзумирате треба да го прилагодите според сопствените потреби. Доколку го одберете вистинскиот, тогаш според нутриционистите, ќе може да го јадете почесто во текот на денот.
Нутритивната вредност на лебот зависи од степенот на неговата преработка. Доколку е целосно преработен како што се лебовите направени од брашно тип 400 и тип 500 тогаш хранливите и вредни елементи од него се скоро во целост исфрлени.

Во белото брашно има најмалку растителни влакна и протеини.

Според нутриционистите, најдобар избор се лебовите направени од житарки ( цело зрно ), пред се од овес и рж. Дури и во индустриски приготвените лебови од овој вид брашно се задржани поголем број на протеини и растителни влакна, магнезиум и витамин Е, а во минимална количина се присутни адитивите, додека пак боите и конзервансите најчесто отсуствуваат во целост.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk