Во борбата против неплодноста селенот е добар сојузник

 

Истражувањето спроведено во рамките на Универзитетот во Аделаида докажало дека антиоксидативниот селен има огромна улога во одржувањето на репродуктивното здравје кај жената.
Порано се мислело дека селенот е важен само за зголемувњање на плодноста кај мажите. Но, ова истражување го докажало спротивното, фокусирајќи се на локацијата каде што се собира селенот во женскиот организам и на специфичниот селенопротеин во јајниците кај жените.
Селенопротеините се посебна група на протеини кои содржат високо ниво на селен во својата структура и се многу важни за одржувањето на здрави и функционални јајници. Во овој поглед, особено е важен селенопротеинот GPX1.

Истражувањето докажало дека нивото на селен и селеноптотеини е зголемено во здравите фотикули, па според тоа се смета дека селенот игра главна улога на актиоксиданс во текот на завршниот стадиум на развојот на фотикулите во јајниците, обезбедувајќи здрава околина за опстанок на јајце клетката.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk