Во која гестациска недела се формираат половите органи кај плодот

 

Во текот на единаесетта гестациска недела од бременоста речиси сите органи се формирани и почнуваат да функционираат.
Во овој период е значајно тоа што прстите на рацете и нозете се одвојуваат и конечно почнуваат да растат ноктите и косата на плодот.

Најраното диференцирање на половите органи кај плодот започнува да се одвива во текот на седмата, односно осмата гестациска недела. Тестисите бележат побрзо диференцирање за разлика од јајниците.

Во просек, во текот на единаесеттата недела од бременоста гениталиите постепено ја добиваат формата на детерминираниот пол но тоа сеуште не може јасно да се увиди, односно сеуште не постои можност да се утврди полот со помош на ултразвучен преглед.

Неколку недели подоцна, најчесто во периодот од 13 до 14 гестациска недела фетусот ја зголемува својата активност. Во овој период фетусот започнува да прави движења со устата кои се карактеристични за цицањето. Во овој период со висок процент на сигурност може да се идентификува полот на фетусот, затоа што надворешните гениталии се веќе развиени. Одтогаш, родителите можат да го дознаат полот на бебето со помош на ултразвучниот преглед.

Во просек, во моментот кога лекарот ќе може да го одреди полот на бебето тоа е долго околу 8 сантиметри, а тежи околу 25 грама.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk