Во светот се раѓаат повеќе момчиња отколку девојчиња

Иако при зачнувањето и на двата пола можностите им се приближно еднакви сепак во светот се раѓаат повеќе момчиња отколку девојчиња.

До ова сознание, британските и американските научници дошле со проучување на околу 30 милиони живородени бебиња ширум светот.

Студијата објавена во списанието “Proceedings of the National Academy of Sciences” укажува на тоа дека стручњаците долго време претпоставувале дека при оплодувањето настануваат повеќе машки фетуси но сепак обемот на половите при зачнувањето долго време се засновал врз шпекулации.

Еден од темелите врз кои што научниците ги основаат своите тврдења е фактот дека машките сперматозоиди имаат способеност подолго да преживеат откако ќе навлезат во репродуктивните органи на жената за разлика од женските сперматозоиди.

Истражувачкиот институт “Freš Pond” во Кембриџ заклучува дека морталитетот по полови варира во согласност со фазата на бременоста.

Морталитетот на машките плодови е почест во почетокот на бременоста поради поголемата можност за појава на генетски абнормалности.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk