Во текот на бременоста бидете внимателни со билките кои содржат етерични масла

Научниците тврдат дека одредени етерични масла при честа употреба во бременоста можат да го зголемат ризикот од појава на предвремени контракции на матката.

Пречестото конзумирање на напитоци кои што се подготвени од билки кои што во себе содржат етерични масла може да го зголеми ризикот за појава на предвремени контракции или крварења во текот на бременоста.

Според нутриционистите, во овој поглед, пред се треба да се избегнува честата употреба на рузмаринот во бременоста, односно чајот од листот од рузмарин (Rosmarini folium) и ајдучката трева (Millefolii herba).

Исто така, се препорачува да се намали употребата на етеричните масла во текот на масажата или при инхалација, бидејќи исто така, при долготрајно изложување на трудницата на нивното дејство може да го зголемат ризикот од појава на контракции.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk