Во што грешат родителите на тинејџерите

Објавено на: Dec 29, 2016 од Мама Силвана

Претераната контрола како и преголемата слобода се подеднакво погубни во воспитувањето на децата посебно во рана младост.

Родителите најмногу грешат кога покажуваат премалку интерес за активностите со кои се бават нивните тинејџери, кога недоволно ги фалат и покажуваат љубов, ги омаловажуваат и поставуваат преголеми барања, не почитувајќи ги нивните чувства.

Грешат и кога самите не се пример и не можат да се изборат со лошите навики, кога се ќе подредат на стекнувања на материјални добра или ги оптоваруваат со своите животни проблеми.

Родителите спрема тинејџерите треба да се однесуваат со повеќе внимание. Тие во тој период почнуваат да размислуваат на поразличен начин воочувајќи дека нивните родители не се совршени и непогрешиви.

Ништо не може да се направи на превоспитување на тинејџерите, но може да се разговара под услов родителите претходно да се вооружат со трпение и да почекаат тинејџерот сам да излезе од неговиот микросвет.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…