Врската помеѓу мајката и ќерката е неверојатна

Врската помеѓу мајката и ќерката е особено силна. Освен единствената родителска љубов, таа е и нешто повеќе.

Во своето девојче мајката гледа извесен степен од себе си.

Како и секогаш во основата на секоја добра врска, од каква и да е суштина, е добрата комуникација и довребата.

Доколку сакате да ја запазите таа силна врска помеѓу вас и вашата ќерка би било добро да ги следите следниве препораки:

Повеќе ислушувајте ја, вашата ќерка има потреба од тоа. Интересирајте се за нејзиниот живот. Ништо не е безначајно, штом е од огромно значење за неа во тој момент.

Кажувајте и ја својата гледна точка, но не и го наметнувајте своето мислење.

Проштевајте и фалете ја, таа има потреба од тоа. Критикувајте ја но балансирано – соочете ја со плусевите и минусите.

Слободно зборувајте и за секс и за секакви други интимно односи. Нека нема табу, но сепак да се пази неприкосновеното лично пространство.

Многу од случувањата и односите со вашата ќерка се сосема природни. Вие колку пати сте и се јавиле на вашата мајка овој месец, колку време сте поминале заедно? Колку од проблемите не сте и ги кажале, водени од најдобри намери? Колку пати реагиравте нервозно на нејзините критики кон вас. И покрај се, нема помалку да ја сакате. Истото се случува и со вашата ќерка. Големиот сценарист Животот просто ги заменува улогите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk