В

Валентин – машко име што значи здрав или силен на латински јазик.
Валентина – женската варијанта од името Валентин што на латински јазик значи здрав и силен.
Василиј – од грчки, царски, но е и старо црковно име.
Велимир – машко име, сложенка од вели – голем и мир и значи оној што има голем мир.
Веселин – машко име. Доаѓа од весел и ин, значи да биде весел и да ги весели луѓето околу себе, своите блиски.
Веселинка – женска форма од Веселин што значи да биде весел и да ги весели луѓето околу себе, своите блиски
Весна – женско име што значи пролет, име на словенската божица на пролетта.
Виктор – машко име кое на латински значи победник, женската форма е
Викторија – победа
Виолета – женско име од француското виолете што значи темјанушка. Слично име е Летка.
Владимир – машко име составено од владее и мир, односно да владее мир.
Воскресија – женско име, од грчки Васкресија.
Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk