Главоболки во бременоста-кога да посетите лекар

Промените на нивото на хормоните во текот на бременоста, за жал, делуваат на тој начин што ги интензивираат главоболките кај повеќето трудници кои и пред да останат бремени страдале од чести главоболки, без разлика дали станува збор за тензични или мигренозни главоболки.
Главоболките со јак интензитет во второто и третото тромесечје можат да бидат знак за појава на сериозни здравствени нарушувања кај мајката, како што се прееклампсија, пристуство на протеини во урината, или дијабетес.

Кога трудицата која што има главоболка треба да посети лекар?

– Доколку во второто или третото тромесечје се појават екстремно јаки главоболки, кои се пропратени со промени во видот, болка во стомакот, зголемување на телесната тежина, отекување на лицето и рацете и сл.
– Доколку главоболката е пропратена со грозница или вкочанет врат
– Доколку главоболката предизвикува пропратни промени како што се успорен говор или отсутност
– Ако додека трае главоболката се појават симптоми како што се запушување на носот, притисок во очите, болка во вилицата или забите.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk