Глината помага против сувата и испукана кожа на петите

Оваа ефинасна маска можете лесно да ја подготвите во домашни услови следејќи го класичниот рецепт кој доаѓа од Ориентот.Со редовно нанесување, испуканата кожа на стапалата ќе се ревитализира станувајќи мека и негувана.

Глината која е главна состојка на оваа природна мешавина делува на тој начин што ја забрзува циркулацијата, а куркумата пак делува антисептички.

За да ја подготвите оваа маска потребни ви се следниве состојки:

– 2 лажици глина за надворешна употреба
– 1 лажица брашно од хељда
– 1 лажица куркума

Сите состојки добро промешајте ги а потоа додајте минерална негазирана вода или ружина вода се додека не се добие смеса која наликува на паста за заби. Маската оставете ја во ладилникот да отсоти околу половина час а потоа нанесете ја на стапалата и почекајте да се исуши. Потоа измијте ги стапалата со млака вода и нанесете хранлива крема за стапала.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk