Годините на мажот пресудни за здравјето на детето

Грешките во ДНК на таткото можат да бидат причинители на некои ретки болести кај децата бидејќи од татковците се наследува четири пати повеќе нови мутации отколку од кај мајките, покажува истражувањето на исландски генетичари.

За време на студијата биле проучувани 14.000 Исланѓани и се дошло до заклучок дека мажите пренесуваат една нова мутација нa секои осум месеци, додека жените новата мутација ја пренесуваат на секои три години.

Математички пресметано, тоа значи дека 13-годишно дете во просек наследува 11 нови мутации од својата мајка, а дури 45 од таткото.

Од поранешни истражувања е познато дека децата на постарите татковци имаат поголем ризик од развој на одредени пореметувања вклучувајќи интелектуални потешкотии, аутизам, шизофренија.

Децата ги наследуваат новите мутации кои се создаваат во спермата на таткото и јајце клетките на мајката.

Мажите пренесуваат повеќе мутации од жените бидејќи произведуваат сперма на начин на кој не е совршен за копирање на ДНК, па со тек на време нивната сперма акумулира се повеќе мутации.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk