Гојазните деца се соочуваат со ризик за развој на кардиолошки заболувања

Кај 30% од гојазните деца уште од раната возраст можат да се забележат одредени знаци на внимание кои укажуваат на можни заболувања на кардиоваскуларниот систем кои би се случиле во иднина-велат американските научници.

Списанието „Journal of the American College of Cardiology“ тврди дека кај многу гојазни деца можат да се забележат негативни промени во обликот и функцијата на срцето при основен кардиолошки преглед. Наодите се обезбедени од истражување во кое учествувале вкупно 101 дете на возраст од девет до шеснаесет години, кои биле подложени на ехокариограм со ултразвук.

Истовремено, забележано е зголемено ниво на лош холестерол кај дури 20% од испитаниците.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk