Гојазноста ја намалува плодноста кај мажите

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Ане
tabela-kolkut-treba-da-tezite-spored-vasata-visina

Младите гојазни мажи, во однос на мажите на исти години со нормална телесна тежина, според научниците имаат намален број на активни сперматозоиди што директно ја намалува можноста за забременување на партнерката.

Исто така, мажите кои секојдневно консумираат месни преработки и полномасни млечни производи имаат значително помал квалитет на сперматозоидите за разлика од останатите мажи во чија исхрана помалку се застапени овие хранливи продукти.

Научните од Инстутот Бернабе веруваат дека гојазноста особено во пределот на стомакот доведува до намалување на бројот на сперматозоиди кај мажите. Но исто така, тие додаваат дека зголемениот внес на антиоксиданси ги заштитува сперматозоидите од секаков вид на оштетувања, додека пак внесувањето на ксенобиотици, стероиди, песициди и сл може да има влијание на организмот исто како естогенот.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…