Грав со зеленчук

Во секој залак на ова вкусно јадење има многу витамини. Детето ќе биде воодушевено со разновиден зеленчук, но и одличен вкус.

Потребно е:

400 гр варен грав

100 гр шампињони

мала тиквичка исечена на парчиња

два домати исечени на тенки парчиња

една главица кромид

една лажица маслиново масло

една лажица ситно исечкан магдонос

два моркови

100 гр. грашок

Подготовка:

Загрејте го маслиновото масло, издинстајте го кромидот, додадете ги шампињоните, тиквичката, доматот и останатиот зеленчук, варете додека не омекне.

Додадете го варениот грав, варете уште 20 минути на тивок оган и ставете магдонос пред сервирање.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk