Градинките од утре се должни да работат во две смени

Министерството за труд и социјална политика известува дека во согласност со примената на oдлуката на Владата за распоред на работното време во државните институции, jавните установи за згрижување на деца од предучилишна возраст, ќе отпочнат со воведување на двосменско работење и секоја прва сабота во месецот, а во интерес на децата и потребата на нивните родители.

Подобрувањето на капацитетите на градинките од просторен и кадровски аспект е процес кој се одвива истовремено, а за што, покрај министерството, одговорни се и локалните самоуправи.

Воведувањето на новото работно време ќе го спроведат раководствата на установите, согласно пропишаните одредби во Правилникот за стандардите и нормативите на предучилишни установи за деца. Во оние јавни установи за деца, каде што ќе се утврди дека нема потреба од воведување на втора смена, ќе продолжат да работат како и досега.

Но, воведувањето на втора смена не зависи од бројот на позитивно изјаснети родители, што значи дека доколку и само едно дете треба да биде згрижено во втора смена, установата е должна тоа да го организира.

Директор(к)ите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата на РМ и согласно истата, како и според потребите на родителите да го организираат работењето на установата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk