Градник од кој што растат градите-револуционерен изум на модерната технологија

Овој ревулционерен изум потекнува од нашето блиско соседство. Милан Милиќ од Лазаревац, неодамна го претстави на јавноста својот нов изум – градник што го потиикнува растот на градите, нарекувајќи го E Bra.
Доколку ова магично парче долна облека успее да ги помине сите тестирања ќе стане револуционерен чекор во остварувањето на желбата на жените да имаат бујно деколте без да се подоложуваат на скапи и болни хируршки зафати. Овој градник делува на тој начин што предизвикува зголемување на циркулацијата на крвта во градите со помош на вибрации.
Првиот прототип од овој градник го испробала неговата девојка Јелена Саблиќ, која што приметила разлики во големината на нејзините гради само после два дена. Јелена го носела градникот по пет минути три пати во денот, вкупно седум дена по што констатирале дека нејзините гради се зголемиле за еден број.

Овој изум веќе стаса до Америка, каде досега го имаат испробано неколку жени.

Ефикасноста на овој градник, со помош на фотографирање и темелни мерења, досега ја има потврдено пластичниот хирург др. Мајкл Салзхауер

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk