Градоначалниците на градовите во кои се родија првите бебиња, им доделија подароци

Објавено на: Jan 01, 2016 од Мама Силвана
1 (2)

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска го посети првото бебе родено во струмичката болница во Новата 2016 година. Девојчето тешко 2,5 килограми е прва рожба на Кети Миладинова од Струмица.

Честитајќи им ја Новата година, градоначалникот Заев на бебето и на мајката им посака многу здравје и среќа, а на новороденчето му подари штедна книшка со 20 илјади денари.

„Да посакаме новата рожба да донесе бериќет, среќа, успех исполнување на плановите, секако на детенцето, на неговото семејство, но и на сите граѓани на нашата општина Струмица,“ рече градоначалникот Заев.

И градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за здравство, Никола Тодоров денеска  на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар ги посетија првите бебиња што се родија во Скопје во Новата 2016 година.

Градот Скопје традиционално на првородените бебиња во новата година им подари три штедна книшки со по 20.000 денари и други пригодни подароци

Градоначалникот Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2016 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа, љубов и успех.

И градоначалниците на Битола, Куманово и Прилеп исто така ги посетија бебињата родени во Новата година и им доделија пригодни подароци.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…