Грешките во родителствувањето

Родителството секогаш прави од нас суштества кои се обидуваат да го сменат светот со цел децата да живеат во едно многу подобро место. Во обидот да бидеме совршени родители честопати сме предводени од некаков идеал за родителство заборавајќи дека идеалните работи всушност и не постојат.

Родителите честопати се обидуваат да ги исполнат сопствените желби и замисли преку своите деца несвесни дека на тој начин не им дозволуваат да децата да ги развијат сопствените таленти и желби.

Ова се најчестите грешки кои родителите ги прават во обид да направат од своите деца подобри личности притоа не водејќи сметка деко понекогаш ефектот од тоа е сосема спротивен:

1. Идеализирање на децата

Вашите деца се подеднакво паметни и талентирани како и најголемиот број останати деца на нивна возраст. Убаво е да бидете горди што вашето дете знае да чита или пишува уште пред да оди во училиште но тоа не значи дека треба постојано да им досадувате на вашите пријатели за тоа.

2. Станување нивни најдобар пријател

Вие сте нивни родител, но тешко дека ќе станете нивни најдобар пријател барем додека не наполнат 30 години. Вие можете да им дадете до знаење дека секогаш кога имат проблем можат да ви се обратат за помош и дека вие нема да ја осудите никој нивна постапка но сепак очекувањето дека тие веднаш ќе дотрчат кај вас и ќе ви кажат за нивната симпатија се малку преценети.

3. Одгледување на детето кое го сакате, а не кое го имате

Можеби вие сакате вашето дете да биде следнот Моцарт или Рахмањинов, или Пикасо но да бидеме реални, за вас и најбесмислените цкртаници на вашето дете ќе ви изгледаат идеални затоа што се негови. Бидете објективни најмногу што можете кога е детето во прашање на тој начин му овозможувате тоа самото да ги открие своите интерси и да ги следи неговите соништа а не вашите.

4. Постапките се погласни од зборовите

Ако сакате вашето дете да биде упорно, искрено, трудољубиво тогаш покажете му како да го направи тоа. Станете пример кој тоа секогаш ќе го следи во моментите на несигурност и збунетост. Ако само зборувате а вашите дејства се нешто сосема спротивно од нив не чудете се ако еден ден вашето дете стане личнота која не сте ја посакувале. Во тие моменти сетете се од каде тоа ги научило тие работи.

5. Судење за постапките на другите родители

Пред да кажете што било за некој друг родител помислете дека сите ние сме рзлични и имаме сопствени убедувања и замисли за животот. Ако некој друг не ги дели вашети идеи и замисли тоа не значи дека неговите не погрешни, тоа значи само дека тој некој има поинакви идеи за тоа како треба да се воспитуваат децата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk