Грешки кои ги правиме при користење на тампоните

Овие грешки ги правиме еднаш месечно, но за среќа не се непоправливи. Важно е само да се увидат и да се спречат за да не дојде до подоцнежни здравствени проблеми.

Тампонот не може да го турнете предалеку, но не смеете ниту премногу плитко, туку да ви биде пријатно. Ќе почувствувате кога е доста.

Синдром на токсичен шок е можна и честа појава. Тампоните кои впиваат големи количини на течности се оние од кои доаѓаат најголемите опасности. Затоа се советува да се користат само кога е најнеопходно, првиот и вториот ден на менструацијата.

Менувајте ги тампоните на четири до осум часа. Влажниот тампон создава совршено топла и удобна атмосфера за размножување на бактериите, со што се зголемува ризикот од синдром на токсичен шок.

Не користете тампон последниот ден од менструацијата. Вадењето на сув тампон од сува вагина може да биде непријатно, па најдобро е да го избегнете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk