Грешки кои ги правиме при перење алишта

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Весна
IMG_2813

Сортирање алишта, избор на детергент за бели, црни и шарени алишта, избор на омекнувач, не се единствените работи на кои треба да обрнете внимание при уклучување на машината.

Многу често, поради некои грешки, алиштата не се убаво испрани.

Ставате премногу алишта – Подобро една полна, отколку две машини? Тоа баш и не е точно. Ако ја претрупате машината, алиштата нема да бидат добро испрани.

Претерувате со детергент – Повеќе детергент не значи дека вашите алишта ќе бидат подобро испрани. Остатоците од детергентот ќе се насобрат на ткаенината, а тоа не и дозволува да дише. Тоа можеби нема да го видите на памучните алишта, но на синтетичките ткаенини се приметува.

Претерувате со омекнувач – Сите сакаат помиризлива облека, но претерување со омекнувачот, може да ја направи леплива. Освен тоа од премногу омекнувач се формира масен слој, кој на ткаенината може да ѝ ја намали моќта на впивање.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…