Грешки кои ги правиме при чистење на ушите

Објавено на: Mar 23, 2016 од Мама Весна

Ушното тапанче и малите коски во средното уво се многу осетливи и многу лесно може да се оштетат па затоа, докторите препорачуваат да избегнете неколку навики при чистењето на ушите:

Голем дел од луѓето немаат потреба од редовно чистење на ушите, бидејќи ушите сами по себе се чистат.Жолтата течност, која уште се нарекува церумен, ја заштитува кожата и спречува увото да се наполни со вода или да се појават габични инфекции или бактерии. Треба да го чистите само надворешниот дел од увото со влажно марамче. Намената на овие памучни стапчиња за чистење на ушите може да ви ги оштетат ушните тапанчиња, па затоа, треба внимателно и што е можно поретко да ги употребувате.

Луѓето имаат навика да вметнат речиси се, само за да ги исчистат ушите – најчесто, го употребуваат најмалиот прст.

Било што наликува на стапче за уши исто така, може да го оштети увото. Во најмала рака, ја оштетувате кожата околу ушното тапанче и ризикувате да добиете инфекција.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…