Грешки кои можат да влијаат на зачнување

Објавено на: Dec 24, 2016 од Мама Кате

Ако се обидувате да останете бремени, не дозволувајте овие погрешни потези да влијаат на конечната цел.

Многу парови покрај огромната желба да добијат бебе, често несвесно прават непотребни грешки кои и те како може да влијаат на тоа кога ќе се остварат како родители, дури и ако се е во совршен ред со нивното репродуктивно здравје.
Причини има многу – од премногу секс, до премалку секс. Дознајте и научите како да се вратите на правиот пат кој својата цел – бебе!

Немате доволно секс

Првата работа која можете да ја исправите и која е сигурно најзабавната е честото да водите љубов. Можеби мислите дека доколку не практикувате често секс, можете да “сочувате” повеќе спрема или да го чекате денот на овулација, но грешите. “Лесно е да се пропуштат плодните денови, ако сексот е ограничен само на дента кога овулирате, бидејќи многу жени веруваат дека плодните денови им се тогаш кога реално не им се”, велат стручните лица. Затоа, само напред – имајте секс онолку често колку што сакате, обраќајки посебно внимание на неколку денови пред овулацијата.

Имате премногу секс

Некои парови мислат дека имаат совршен концепт: што почесто имаат секс, полесно и побрзо ќе забременат. Но “повеќе” не е секогаш и “подобро”. Иако сексот во основа не го намалува потенцијалот на спермата, како што многумина веруваат, премногу секс може да предизвика проблеми, вели Др. Вуд: “Практикувањето секс повеќе пати во денот, па дури и секој ден може да предизвика ‘согорување’, а би можело да се случи парот сексот да почне да го доживува како обврска”.

Практикување на исти пози

Веројатно веќе сте слушнале дека мисионерската поза е најдобра за зачнување и дека би требало да ги држите нозете нагоре по односот, но тоа не е точно. Било да сте вие од горе, или вашиот партнер – резултатот е ист; кога мажот ејакулира, спермата оди директно во цервикалниот слуз и јајцеводите што се случува во неколку секунди, без разлика на положбата за време на односот.

Претпоставката дека проблемот е во жената

Кога парот има потешкотии да добие бебе, обично причината се бара во жената. Мажите во основа не сакаат да веруваат дека нешто не е во ред со нив. Доволно е спермата да излегува и тие веднаш претпоставуваат дека се плодни, што не е секогаш случај. Проблемите, ако ги има, треба да се бараат во двајцата партнери, а се разбира може да е во прашање и нешто друго. За сите сомневања, веднаш советувајте се со вашиот лекар како би биле сигурни.

Пропуштате овулација

Погодувањето кога ви се точно плодните денови, може да биде незгодно. Многу жени ги сметаат плодните денови како 14 дена од првиот ден на менструалниот циклус, но неговата должина варира, па така и овулацијата не се појавува секогаш во исто време. Исто така, многу жени мислат дека некои симптоми укажуваат на почеток на овулација –ако добро го познавате своето тело, можете да воочите дека неколку дена пред плодните денови вагиналниот секрет се зголемува. Меѓутоа многу жени не ги забележуваат тие знаци, а некои и погрешно ги толкуваат. Затоа, наместо да погодувате, користите овулациони тестови кои со сигурност ќе ви утврдат кога се вашите плодни денови.

Имате секс точно на денот на овулација

Ако сте купиле овулациски тест или ако ја проверувате својата базална температура или користите календар за да утврдите кога се вашите плодни денови, веројатно мислите дека треба да имате односи токму на тој ден, меѓутоа тоа може да биде доцна. По овулацијата, јајце-клетката има 12 до 14 часа да биде оплодена од сперматозоид. Доколку не сте погодиле кога ви се точните плодни денови, ќе морате да чекате до следниот месец за да се обидете повторно, бидејќи спермата во вас може да опстои од три до пет дена. Затоа, најубаво е да имате секс неколку дена пред овулација, бидејќи така ќе ги зголемите шансите да останете бремени.

Користите лубриканти

Размислете добро следниот пат кога ќе посакате да користите лубриканти, бидејќи тие може негативно да влијаат на подвижноста на спермата и така потешко да дојде до јајце-клетката. Ако баш морате да ги користите, пробајте со природни лубриканти како што се маслиновото масло, растителното масло, масло за бебиња…

Веднаш барате стручна помош

После два или три месеци обидување, лесно е да се биде фрустриран. Сепак, тоа не значи дека веднаш да заминете кај вашиот лекар како би утврдил што не е во ред со вас. Дури и под идеални услови, совршено плодни парови може да чекаат и по неколку месеци за жената да затрудни. Ако имате помалку од 35 години, редовен месечен циклус без некакви здравствени проблеми кои може да влијаат на плодноста, тогаш бидете трпеливи до една година.

Не барате стручна помош на време

Во некои случаеви, подобро е веднаш да дознаете дали воопшто можете да добиете деца. Ако имате повеќе од 35 години, треба да посетите специјалист што побрзо. Нема потреба да чекате една година неуспешни обиди, шест месеци би биле доволно. Исто важи и ако сте помлади а имате нередовни циклуси или историја на полово преносливи болести, вонматерична бременост или некои други здравствени проблеми кои може да влијаат на плодноста.

Ја занемарувате општата здравствена состојба

Многу често, кога паровите сакаат да добијат бебе, тие се фокусираат исклучиво на своето репродуктивно здравје, занемарувајќи го основното. Важно да обрнете внимание на вашето здравје воопшто, бидејќи работите како преголема тежина, пушење, стрес и лекови може исто така да влијаат на плодноста. Пред да се фрлите на работа, не би било на одмет вие и вашиот партнер да направите систематски преглед за на време да детектирате ако има некаков проблем кој би можел потенцијално да влијае на плодноста.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…