Гумите за џвакање се штетни за здравјето на децата

Гумите за џвакање како да станаа неизоставен дел од секојдневието на еден човек. Тие се постојано присутни кај сите генерации, како за младите така и за повозрасните.

 

Неодамна многумина се загрижија од сознанието дека гумите за џвакање без шеќер содржат аспартам, супстанца што некои ја нарекуваат „благ отров“ што се прави од пластика.

Гумите за џвакање се произведуваат на база на гума, засладувачи, материи за омекнување и за згуснување, ароми, средства за боење и конзерванси. Поливинил ацетат е една од состојките на гумите за џвакање, а се користи и за изработка на лепак.

Првата гума за џвакање е патентирана во САД, во далечната 1869-та година, а денес ретко кој може да замисли да го помине денот без познатите мастики.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk