Дали апстиненцијата од секс реално ги зголемува шансите за забременување

 

За оние мажи кај кои што со помош на медицински испитувања со сигурност е утврден помал број на активни сперматозоиди апстиненцијата од секс дури и на еден ден го зголемува квалитетот на спермата.
Според доктор Елија Левитас, од Медицинскиот центар при Универзитетот во Сорока Израел, по само два дена апстиненција од секс започнува процес на деградација на квалитетот на спермата. Според резултатите од истражувањето објавени во списанието “Fertility and Sterility” поголем дел од светските клинички центри ги применуваат препораките издадени од страна на Светската здравствена организација за воздржување од сексуален однос два до седум дена пред давање на примерок од сперма за проценка на плодноста кај мажот.

Со цел да се истражи деградацијата на спермата истражувачите анализирале вкупно 9489 примероци од сперма, споредувајќи ја спермата според концентрацијата,волуменот и процентот на нормални сперматозоиди во зависност од времето на апстиненција од секс пред давањето на примерокот.

Најдобри резултати се забележани кај мажите кои апстинирале од секс шест до седум дена, а кои во примероците имале задоволувачки број на сперматозоиди. Зголемувањето на подвижноста на сперматозоидите кај мажите со нормален број на сперматозоиди се забележало веќе по првиот ден од воздржувањето. Кај мажите кои што имале низок број на сперматозоиди, воочена е најголема концентрација по еднодневна апстиненција, по што се забележал пад на квалитетот на спермата со се подолгото апстинирање.

Заклучокот на доктор Левитас е дека мажите кои што имаат низок број на сперматозоиди најдобро е да апстинираат од секс само по еден ден. Прескокнувајќи по еден ден квалитетот на нивната сперма може да го добие оптималниот квалитет и ќе ги зголеми шансите за забременување на партнерката. За оние мажи пак, кои што имаат доволен број на сперматозоиди, апстиненцијата од секс не е препорачлива да биде подолга од десетина дена.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk