Дали аутистичните деца го разбираат својот аутизам

Свесноста за себе значи поголема волја и изнаоѓање на подобар начин за справување со околината.

Животот за децата со аутизам секогаш ќе биде голема борба, бидејќи светот се темели на тоа како и колку ние сме способни да ги обработуваме информациите, а тоа кај овие деца не одговара со начинот на кој тие го доживуваат светот.

Учењето за постоењето на сопствените разлики во однос на останатите, кај децата со аутизам може многу да им помогне да се заложат за себе и подобро да се прилагодат во околината.

На тој начин, детето со аутизам може подобро да го разбере светот што често за него делува збунувачки. Кога ќе стане свесно за разликите може да научи како да ги неутрализира тие разлики.

Секако, учењето за различностите мора да биде двосмерно.

И луѓето од околината на аутистичното дете треба да разберат на кој начин тоа ги процесуира информациите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk