Дали аутистичните деца се свесни за аутизмот

Многумина се прашуваат дали аутистичните деца се способни да го разберат својот аутизам. Начинот на кој децата со аутизам го доживуваат светот и својата поставеност во него е од круцијално значење за полесно приспособување на детето во околината.

Од голема важност е детето со аутизам да биде свесно за разликите затоа што само спознавајќи ги истите ќе може да работи на тоа тие да бидат полесно неутрализирани. Самиот процес на подобро разбирање на светот за детето со аутизам често делува збунувачки.

Секако, учењето за различностите мора да биде двосмерно. И луѓето од околината на аутистичното дете треба да разберат на кој начин тоа ги процесуира информациите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk