Дали бебињата плачат додека се во стомакот на мајката

И покрај тоа што повеќето од нас знаат дека бебињата активно чувствуваат и се свесни за надворешните влијанија веќе по шестиот месец од развитокот во стомакот на мајката, интересен е податокот до кој што дошле американските научници, дека бебињата плачат додека се во матката.

Фетусите од петтиот месец можат да реагираат на надворешните влијанија како што се на пример звуците. Со помош на ултразвук снимени се бебиња кои во матката без глас почнуваат да го придвижуваат лицето како да плачат.

Неправилното отворање и затворање на устата, повлекувањето кон матката и треперењето на долната усна се јасни знаци дека бебињата липаат кога се вознемирени дури и во мајчината утроба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk