Дали во сите нас постои вроден инстинкт да им помагаме на другите

Иако ги сметаме за мали личности кои што зависат од нас, бебињата имаат навистина добра волја да помогнат некому ако можат.
Истражувањата ова тврдење го темелат на доказ користејќи го овој пример: Еден од истражувачите со раце полни со кеси пробал да ја отвори вратата во близина на бебе кое што сеуште не проодело. Тоа веднаш побарзало лазејќи да ја отвори вратата и да му помогне на човекот.

Интересно е што оваа сцена е повторена уште многу пати потоа со многу бебиња и освен што во поголемиот број случаи бебињата се почувствувале подготвени да помогнат научниците дошле до уште едно поголемо изненадување.

Имено, оние бебиња кои што после укажаната помош кон некого добиле награда за доброто дело подоцна биле многу помалку подготвени и волни да помагаат без да бидат наградени за тоа нивно добродушно дело.

Добрата вест е што во секого од нас, уште во најраното детство постои вроден инстинкт да им помагаме на другите.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk