Дали да се додава сол во бебешките кашички

 

Многу млади родители се често во дилема дали да додадат сол во бебешките кашички.

Солта е основен зачин, но сепак педијатрите и нутриционистите препорачуват бебешката храна да не се посолува додека детето не наполни 12 месеци. Елимирањето на солта од бебешката исхрана им помога на бубрезите правилно да се развиваат и да ја вршат својата функција.

Откако бебето ќе наполни 12 месеци, тие препорачуваат слабо до умерено солење на исхраната.
За да бидете сигурни дека не сте претерале со солта при подготовка на бебешките оброци пробајте го овој лесен трик кој го советуваат нутриционистите.

 

Потребни ќе ви бидат 25 грама сол и 100 мл свежа вода. Водата ставете ја на оган и оставете ја да зоврие. Потребно е водата да врие 10 минути. Потоа во садот додадете онолку вода колку што испарила. Додајте ја и солта. Солениот раствор процедете го и со половина лажичка зачинете ги бебешките оброци.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk