Дали е здраво да се пости

Без разлика дали ги применувате поради верски побуди или пак еднставно сакате да направите чистење на организмот после зимскиот период кога исхраната е исполнета со калорична и масна храна, бенефитите се секогаш добредојдени и речиси неопходни за да се ослободи вашето тело од внатрешното таложење на токсините од недоволно сварената храна. Отровите од масното ткиво се прочистуваат преку бубрезите и потоа се исфрлаат од организмот. Со постот ќе му дадете на вашето тело мал одмор од заситени масти. Тој исто така претставува одлична терапија за лечење на болести поврзани со нездрав начин на исхрана, како што е дебелината, дијабетисот, акните, алергиите…Па така доколку на ваков начин постот ги чисти внатрешни органи тогаш можете само да си замислите што му се случува на вашиот организам однадвор. Растеретен од вишокот на токсини циркулацијата се забрзува, па така, не се изненадувајте доколку вашиот тен добие сјај и руменило.

Кога внесувате помало количество на храна со помала енергетска вредност немојте да се залажувате дека ќе немате сила да ги завршите дневните обврски. Напротив постот ја засилува вашата кондиција. Доколку на телото му дадете малку шанса да се одмори од тромавоста предизвикана од тешката храна, тоа ќе почне да ја ослободува внатрешната сила која ја црпи од наталожените резерви. Токму оваа енергија е далеку поефикасна од онаа која ја добивате директно од храната.

Не тргнувајте со предубедувања дека менито е сиромашно и дека ќе се ограничите на неколку продукти кои брзо ќе ви здосадат. Всушност ќе се изненадите на пазарот колку многу производи можат да бидат ваш успешен сојузник додека го испостувате организмот. Понекогаш за некои од нив не сме ни свесни дека се всушност посна замена за оброците кои се многу калорични и масни.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk