Дали имам доволно млеко за моето бебе

Здравата и избалансирана исхрана во комбинација со доволна количина на течности е неопходна за секоја доилка.
Покрај тоа, со надеж дека ќе се поттикне излачувањето на мајчиното млеко, многу мајки во периодот на доењето конзумираат и специјализирани чаеви и напитоци кои ја поттикнуваат лактацијата.

Од нивното конзумирање секако дека нема штета. Поголема штета може да предизвика упорниот сомнеж во тоа дека мајката не располага со доволна количина на мајчино млеко која би ги задоволила потребите на бебето.

Токму од тие причини, секоја мајка која дои пред да се обиде да влијае на зголемувањето на лактацијата или пред да се препушти на сомнжите дека нејзиното тело не произведува доволно млеко треба да одговори на три прашања:

– Дали бебето цица по барање, односно дали секогаш добива подој кога ќе побара и подоите траат онолку колку што самото бебе сака?
– Дали бебето редовно врши мала и голема нужда што би се согледала во 6-8 мокри пелени?
– Дали бебето напредува во тежина?

Ако и на трите прашања одговорот е ДА, тогаш доилката воопшто нема потреба за загриженост околу тоа дали количината на мајчино млеко ги задоволува потребите на бебето.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk