Дали имате „крушков“ стомак

Дури и ако имате тесен струк можете да имате стомак-токму тој вид на стомак се нарекува крушков стомак.
Крушковиот стомак можете да го препознаете по “тврдокорниот” појас на маснотии кои се наталожени во долниот дел од стомакот. Многу често придружници му се и маснотиите кои се наталожени на колковите и бутините.

Овој тип на стомак е повеќе својствен за жените отколку за мажите, а неговиот причинител најчесто е пореметувањето на хормоните во организмот, односно присуство на некоја болест која е хормонски условена како на пример ендометриозата.

Според искуствата на оние жени кои го имаат крушковиот стомак тој тврдокорен појас од маснотии многу е тешко да се отстрани или барем намали. Најчесто останатиот дел од телото на жената има значително помалку масно ткиво што при слабеење доведува до уште поголема непропорционалност.

Треба да се избегнува храна која е позната по нејзините својства да делува врз подигнувањето на нивото на хормонот естроген.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk