Дали можете да се заразите од седење на WC школка

WC школка важи за едно од најнечистите површини во домот, но бројните студии покажаледека поголема закана за човековото здравје се даските за сечење, кваките, пешкирите за бришење раце…

Колкав е ризикот навистина да се заразиме со седење на WC школката? Микробиолозите тврдат дека ризикот е еднаков на нула.

Професор по микробиологија од универзитетот во аризона, Чарлс Герба тврди дека даските во тоалетот се најчистите места бидејќи поради стравот од инфекции најчесто се дезинфицираат и се чистат.

Даските за сечење на кои се работи во кујната, на својата површина имаат 200 пати повеќе фекални бактерии (како Есчеричие коли) отколку даската од WC школката.

Бактериите тешко преживуваат на сува, ладна, пластична површина каква што е оваа даска. Тие бактерии, ако ги има, мора некако да најдат пат во телото. Мора да постои некоја отворена рана. Тоа што треба да загрижува е фактот дека многу луѓе не ги мијат рацете после завршување на работата во тоалетот.

Ако се плашите од страшни инфекции поради седење на даската од WC школката, станува збор за параноја, кажуваат докторите и микробиолозите.

“Попрво ќе умрете од нездравиот начин на живот, нездравата храна и статичниот живот, отколку од преносот на зараза поради даската во тоалетот” тврди професорот Гилберст од универзитетот во Чикаго, пишува The Verde.

“Нашиот мозок е склон да се ослонува на инстинкт кога проценува ризик” тврди Давид Ропеик, консултант за перцепција на ризикот. Ризикот не е научна формула или статистички број. Важно е како се чувствуваме. Ако нешто ни е одбивно ќе се обидеме да го избегнеме.

Ирационалниот страв од WC школката е пример за тоа како нашите мозоци се темелат на емоции кога перцепираат ризик, заклучуваат експертите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk