Дали на кожата на бебето и треба специјална заштита на зима

Објавено на: Dec 31, 2016 од Мама Силвана

Кожата на бебето може да стане сува и да испука поради ветерот. Поради тоа користете некоја помрсна крема за мачкање.

Плунката од лицето треба постојано да се брише, за кожата да не испука.

Ако сте на зимување некаде каде што има многу снег, детето треба да користи заштитни очила како и заштитна крема со голем УВ фактор.

По капење не ја тријте кожата на бебето, туку само тапкајте и така сушете ја за да не ја надрзанете сувата кожа.

Пожелно е воздухот за време на зимските месеци да го навлажнувате за да го олесните дишењето на бебето.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…