Дали работата може да го загрози квалитетот на спермата

Објавено на: Mar 15, 2016 од Мама Силвана

Плодноста на мажите е загрозена ако работат со олово, жива или арсен и на високи температури. Најчеста причина за неплодност се проширените вени кои ја одведуваат крвта од тестисите, а кои се случуваат заради долго седење или стоење. До проширување на вени доаѓа и заради кревање на тежина.

Не се поштедени ниту тие кои работат тешки физички активности. Истражувањата покажуваат дека дури и минималниот стрес може да предизвика пад на нивото на тестостерон и количината на сперматозоиди.

Стручњаците велат дека мажите кои поминуваат многу време со лап-топ во скут се изложени на намалување на плодноста, бидејќи зголемената температура на тестисите може да доведе до пореметување на спермата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…