Дали рамните стапала се деформитет?

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Весна

Рамните стапала претставуваат еден вид на деформација на стапалото кое најчесто е наследно или како резултат на несоодветни обувки.

Како нормална појава која е присутна и кај возрaсните и кај децата не се обрнува големо внимание и често се запоставува.

Најважен период во кој се оформува правилно стапало кај секој човек е две или три годишна возраст.

Во некои случаи рамните стапала се предизвикувачи на болки во глуждовите, болки во пониските делови од нозете и замор при подолго стоење или спортување.

Како да препознаете рамни стапала?

Застанете со стапалата на рамен под. Ако долната површина од стапалото се спои со подот, тоа покажува дека имате рамни стапала.

Како се лекува?

Тешко е да се каже дека рамните стапала се лекуваат. Постојат третмани кои можат да помогнат, кои медицината ги препорачува само во итни случаи кога рамните стапала предизвикуваат силна болка и отежнато движење.

Добра навика е да се користат ортопетски влошки кои ќе го ублажат овој проблем.

Најголем дел од случаите на рамни стапала не се опасни и се присутни кај голем дел од популацијата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…