Дали растењето на забите кај бебињата предизвикува пролив

Многу родители растењето на првите заби кај бебињата освен со појавата на благо покачената температура го поврзуваат со појавата на позачестените проливи, а понекогаш и со често воспалување на кожата во пеленската регија.
Дали постои диретна поврзаност на растот на забите со појавата на пролив?

Иако многу често одат заедно, сепак растењето на забите не е директен предизвикувач на честите проливи кај бебињата.

Она што ги предизвикува е ослабениот имунолошки ситем кој е многу чест во тој период и придонесува столицата на бебињата да ја смени бојата ( потемно зеленкаста ) или да биде поретка.

Нејзината пх вредност делува многу агресивно на нежната бебешка кожа што може да предизвика чести воспалувања на кожата во пеленската регија

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk