Дали сексот во бременоста може да му наштети на плодот

Проблемите со сексот во бременоста најчесто произлегуваат од стравот што се создава како кај трудницата така и кај нејзиниот партнер дека во текот на сексуалниот чин може да го повредат бебето или да предизвикаат спонтан абортус или крварење.
Првенствено што треба да направат со цел да ги надминат овие стравови, партнерите треба отворено да разговараат на таа тема и да сфатат дека ако кај трудницата постои здрава и нормална бременост односно не постојат некои проблеми кои можат да резултираат со појава на копликации сексот во никој случај не е забранет. Во тој случај сексот се третира како нормална активност во која двајцата партнери можат да уживаат, секако со мали ограничувања поради големината на стомакот и положбата во која трудницата се чувствува најпријатно.

Пенисот за време на пенетрацијата во никој случај не може да го повреди бебето затоа што тоа е добро заштитено во матката и плодовата вода која го опкружува. Слузната бариера која се наоѓа на грлото на матката ги спречува бактериите да преминат во матката и да му наштетат на бебето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk