Дали трудните жени смеат да се сончаат

Дали жена којашто е во петти месец смее да се сонча?

Одговор: За жените коишто немаат ризична бременст, важат истите правила во врска со заштитата од UV зраците како и за секој друг човек.

Тоа подразбира сончање во раните утрински часови како и сончање после 16 часот. Излегувањето на сонце од 11 до 16 часот не смее да го практикува никој, а најмалку трудните жени.

На секого како и на трудните жени им се препорачува да носат: капи, шешири, наочари за сонце и да користат креми со заштитен фактор.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk