Дали флуорот е опасен по здравјето

Резултатите од студија направена во Англија, во која учествувале повеќе од 98% од приватните доктори во земјата, покажале дека е забавена работата на тироидната жлезда 30% почесто во областите каде водата најмногу се флуоризира, пренесува британскиот Telegraph.

Тоа значи дека околу 15.000 луѓе непотребно страдаат поради проблеми предизвикани со намалената функција на тироидната жлезда, што се манифестира со здебелување, замор, болки во мускулите, депресија. Оваа состојба 15 пати повеќе ги погодува жените од мажите, односно околку 15 од 1.000 жени страдаат од овој проблем.

Истражувањето било спроведено на Универзитетот Кент, а студијата е објавена во списанието Journal of Epidemiology and Community Health.

Според професорот Стивен Пекам, водач на студијата, слабата активност на тироидната жлезда може да биде опасна по здравјето и да предизвика низа здравствени проблеми.

Флуорот е природен минерал што се наоѓа во водата во различни количини. Претходните студии покажале дека внесувањето на овој минерал го спречува производството на јод, кој е клучен елемент за здрава тироидна жлезда.

Но, некои експерти не се согласуваат со ова истражување, велејќи дека при студијата не е применет соодветен метод, односно дека треба да се испитаат и други фактори.

Според докторката Сандра Вајт, која е директорка на Агенцијата за јавно дентално здравје во Англија, досега не е пронајден цврст доказ за тоа дека овој минерал треба да биде исфрлен од употреба.

„Целокупните докази покажуваат дека флуорот е безбеден и не е поврзан со намалената функција на тироидната жлезда“, вели таа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk