Девојчињата прерано стануваат девојки

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Силвана

Девојчињата сега стануваат девојки на 10 години, бидејќи тогаш почнуваат да се депилираат, лакираат нокти, а на мајките им ги „крадат“ кармините.

Уште на предшколска возраст сакаат брендирана гардероба, во четврто одделение држат диета, а на 13 години разменуваат пораки со сексуална содржина, а на 15 години се во „сериозна“ врска.

Меги Хамилтон која е авторка на книгата „Што се случува со нашите девојчиња“, вели дека оваа појава е станата општ тренд и загрижено се обраќа кон родителите, за да им сврти внимание дека ништо од тоа не е добро.

-Тие го прескокнуваат детството, при што им се ускратува еден природен процес на созревање. Мајките почнаа да ги испраќаат децата да бразилска депилација штом ќе добијат прва менструација, што е следно – вели Хамилтон.

Таа заклучува дека на девојчињата во позрели години ништо нема да им биде интересно, бидејќи во времето кога требале да си играат со кукли, испробале се што некогаш било за возрасни.

А притоа се длабоко незрели.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…