Делови од телото кои не смее да ги допираме со раце

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Весна

Ако мислите дека вашето тело е храм, и ваша е одлуката како ќе го користите, сепак, треба да знаете, дека има одредени делови од телото кои никако не треба да ги допирате со раце.

„Истражувањата покажуваат дека дланките играат огромна улога во пренесувањето на бацили“, вели Кели Рејнолдс, професор соработник на Закерман колеџот за јавно здравје на Универзитетот во Аризона. „И по соодветно миење, дланките и прстите постојано се контаминираат од околината која ве опкружува“.

Ако не ги сечете ноктите редовно, се зголемува можноста за зголемено присуство на бацили. Истражувачите од Универзитетот во Небраска сугерираат дека оние кои имаат два милиметра, или подолги, нокти имаат повеќе бацили на рацете.

Покрај редовната хигиена на рацете, држете ги понастрана од овие делови од телото за да бидете поздрави.

Ушниот канал

Никогаш не треба да ги пикате прстите, или нешто друго, во вашите уши. „Ставање на нешто во вашите уши може да ја скине тенката кожа која го заокружува вашиот ушен канал“, вели Џон Нипарко, доктор и професор на катедрата за оториноларингологија на Училиштето за медицина Кек.

Ако чувствувате постојано чешање во увото подобро одете на лекар, отколку да пробате да се почешате со нешто. „Оториноларингологот ќе ве спаси од чешањето, без разлика дали ќе ви исчисти ушен восок, дали е егзема на кожата или инфекција, како уво на пливач на пример. Сепак, не трба да се запостави хигиената на ушите“, вели Нипарко.

Лицето

Со рацете може да се послужите за да го измеиете лицето или да нанесете крем за заштита, но во други случаи држете ги понастрана од него. Кога рацете стојат на површина полна со бацили, а потоа го чепкате лицето со нив, ја зголемувате можоста да се разболите. Прстите содржат масла кои можат да ги затвраат порите, вели советникот за дерматологија Аднан Насир.

Задникот

„Анусот содржи бактерија која може да биде потенцијално опасна“, вели д-р Џаред Клејн. Откако ќе извршите голема нужда или го допрете задникот од која и да е причина, веднаш измијте ги рацете.

Очите

Ако не ставате контактни леќи или миете некое делче кое нашло пат до вашите очи, не фаќајте ги со рацете. Лесно може да внесете бактерии во нив. Тие бацили можат да предизвикаат сериозни инфекции. Д-р Кимберли Кокерхам, вели „Не ги допирајте и не ги тријте“. Ако ве чешаат, или ви се суви, или не ви е пријатно со контактните леќи, појдете на очен лекар. Тој ќе го најде проблемот.

Устата

Најновите истражувања во Велика Британија покажаа дека луѓето ги ставаат прстите во или околу устата просечно 23,6 пати додека се досадуваат на работа. Сепак и кога се многу зафатени тоа го прават во просек 6,3 пати. Тоа е проблем. Во студија објавена во Журналот за применета микробиологија, третина до четвртина од бацилите кои испитаниците ги имале на рацете биле пронајдени и околу устата.

Носот

Престанете да `копате руда`. Во студија од 2006 година за ушите, носот и грлото, објавена во весникот за Контрола на инфекциите и болничка епидемиологија, оние кои копаат во носот имаат 51 отсто поголеми шанси да се носители на бактеријата staphylococcus aureus во нивната кивавица, отколку оние кои ги држат рацете настрана од носот.

Кожата под ноктите

Многу гадни бактерии, вклучително и стафилококи, може да живеат таму. „Вашите нокти треба да бидат куси за да се намалат шансите да бидете носител на бактерија, а на такви нокти им е потребна само четка за отстранување на остатоците“, вели Дејвид де Бекер, консултант дерматолог, во Британскиот дерматолошки центар.

Да се копа под ноктите е многу опасно, понекогаш може да се предизвика и онихолиза, или отпаѓање на ноктот“, додава тој.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…