Денеска е Св.Стефан, вечно име на Стефан, Стефанија

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Силвана

На третиот ден од празникот Божик, светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.  Тој е наречен првомаченик затоа што тој е прв што настрадал за Христосовата вера.

Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана Христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен Архиѓакон.

И во црковните песни и проповеди Св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга.  Честит именден на сите кои го носат името: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…