Денес е празник на виното и љубовта

 

Секоја година на 14 февруари православните христијани го прославуваат свети Трифун. Според верувањата, свети Трифун е чувар на лозјата, градините и гостилниците. На овој ден винарите за првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат лозите.

Исто така се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи. Според народните верувања токму на овој ден природата започнуваат да се будат пролетта и љубовта меѓу луѓето.

14 февруари е исто така значаен ден и за католичките верници. Имено, денес се празнува католичкиот црковен празник денот на заљубените или Свети Валентин.

Овој католички празник се слави скоро во сите земји ширум светот од сите оние млади срца кои веруваат во делата на љубовта посакувајќи си Среќно Валентиново.

Покрај модерната традиција на дарување помеѓу заљубените, целта на овој празник е всушност поинаква. Брзото темпо на живот што го наложува модерното време често не дозволува доволно време да се посветиме на саканите личности од нашиот живот токлу колку што реално посакуваме. Овој ден може да биде токму денот кога сите други обврски во животот можат да бидат помалку важни, денот кога со барем еден нежен збор може да ги потсетиме луѓето што ги сакаме дека љубовта е онаа што го придвижува светот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk