Денес се обележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Првиот Светски ден на Даунов синдром е одржан на 21 март 2006 година. Тој ден е прогласен од страна на Европската Даунов синдром асоцијација за време на нивниот европски конгрес во Палма де Мајорка во текот на месец февруари 2005 година.

Генералното собрание на ООН  со цел подигнување на јавната свест за Дауновиот синдром,  на 19 декември 2011 година ги повика сите земји членки, релевантните организации на системот на Обединетите нации и другите меѓународни организации, како и граѓанското општество, невладините организации и приватниот сектор да го одбележуваат денот секоја година на 21 март на соодветен начин.

Наспроти прерасудите, сите лица со даунов синдром можат позитивно да не изненадат со своите способности, а за тоа доволно е да им дадеме шанса и да ги прифатиме со целиот ум и срце.

Рефлектор на успесите на едно лице со даунов синдром во голема мера е и самата успешна социјална политика на државните институции, нешто што за жал недостига во Република Македонија.

Вистинската љубов не брои хромозоми, зарем не?

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk