Десерт во чаша со кафе и темно чоколадо

Вкусно освежување на сетилата.

Потребни состојки:

115 грама пишкоти

200 милилитри свежо подготвено кафе

5 лажици амарето ликер

200 грама темно чоколадо

225 грама маскарпоне

300 милилитри слатка павлака

3 лажици шеќер во прав

4 јајца

 

Начин на подготовка:

Подгответе го кафето и почекајте да се олади, а потоа измешајте го со ликерот. Искршете ги пишкотите на парчиња и наместете ги во мал сад, па сипете го кафето врз нив. Матете ја жолчката со шеќерот во прав сè додека смесата не стане густа. Додајте ги маскарпонето со слатката павлака, а потоа и претходно изматените белки. Следен чекор е да ги искршите коцките чоколадо и да ги растопите на пареа.

Подгответе ги чашите за овој десерт и на нивното дно турете малку од смесата. Наредете еден ред пишкоти, а врз нив сипете го растопеното чоколадо.  Оставете ги чашите 1 час во фрижидер, а потоа послужете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk