Десет добри навики кои секое дете треба да ги стекне

Секој родител воспитувајќи го своето дете пред себе има цел од него да создаде среќна, исполнета, успешна и внимателна личност.

Освен што ги учиме децата на основните манири на пристојност и внимателност, никогаш не треба да ги заборавиме десетте добри навики со кои секако треба да го запознаеме детето:

1. Да биде добар пријател ( никогаш не е рано да го научиме детето на вистинските пријателски вредности )
2. Да знае да се избори за себе и своите потреби ( тоа не значи да воспитате грубо дете, туку дете кое ќе има сознание за своите лични вредности )
3. Несебично да се понуди да им помага на другите ( да им се помогне на оние на кои навистина им треба помош, да се биде потпора на послабиот се квалитети на големите и добри луѓе )
4. Да ја следи својата интуиција ( помогнете му на детето да биде самостојно и да го следи своето срце наместо да биде послушна овцичка која го следи стадото )
5. Да не се преценува себе си ( добро е кога човекот верува во себе и во својата личност но не и да се преценува и да гради нереална слика )
6. Да биде своја модна икона ( единственоста и уникатноста понекогаш се најдобри модни додатоци.Помогнете му на детето да го пронајде својот личен моден израз )
7. Да биде нежно кон животните и да ги почитува ( не сите сакаме животни, но сепак не треба да ги повредуваме )
8. Да биде упорно ( упорноста е квалитет на големите луѓе, ако лесно се откажуваме при првата пречка никогаш нема да го постигнеме она што го сакаме )
9. Да работи напорно за да ги оствари своите соништа ( големите соништа не можат да се остварат со магично стапче, само со упорна работа )
10. Да се радуваат на малите нешта ( Научете ги своите деца да бидат благодарни и секој ден, во малите и ситни нешта да ја пронајдат причината да бидат среќни и задоволни од животот )

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk