Детски одговори на прашањето: Зошто не сакам да спијам

Скоро и да не постои родител што не ја искусил агонијата на неуспешното заспивање на своето дете, часови труд вложени со цел детето да заспие, и кога таман мислите дека конечно детето се смири, дека сте го покриле добро и дека конечно ќе заспие, вашето малечко има илјада изговори зошто треба повторно да стане од креветот.
Блогерката Венди Аронс во еден свој пост на сајтот „Hafington Post“ споделува како течат мислите на нејзиниот син Џејк кога тој сфаќа дека нема бегање- дојдено е времето за во кревет.

Мамо жеден сум.
Гладен сум.
Премногу ми е темно во собата.
Премногу ми е светло во собата.
Чув звук кој ме потсетува на чудовиште кое сака да влезе во кујната.
Морам да го издувам носот.
Ме боли прстот.
Ме боли окото.
Чекај мамо, не си ги измив забите.
Мамо, може да ми направиш сендвич од путер од кикирики без корки?
Вечерва не сакам да спијам.
Утре не сакам да одам на училиште.
Еј, слушнав нешто!
Се сетив дека постојат зомби.
Ми падна перницата.
Пак ми падна перницата, добро е што скокам по креветот.
Не сум воопшто уморен.
Не сум спремен за спиење.
Нема да одам во кревет ако ти не дојдеш со мене пак да ме покриеш.
Знам дека веќе еднаш ме покри со јорганот, но верувај мамо тоа го направи погрешно. Мораш повторно да ме покриеш. Овој пат ќе останам во креветот.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk